Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа: „На пазар сме или на судење?“
Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ беше одбележано со реакции во судницата во „Идризово“, откако одбраната се откажа од двајца претходно предложени сведоци. Потегот предизвика негодување кај дел од родителите, кои од судската сала прашаа: „На пазар сме или на судење?“, пренесе Скопје 1.
Судијката Дијана Груевска-Илиевска порача дека одбраната е должна да се погрижи сведоците што ги предложила да бидат присутни на рочиштето. Таа нагласи дека, доколку не се откажале од нив, можела да нареди нивно доведување со полициска придружба.
„Вие да не ги повлечевте, јас со полиција ќе ги донесев, имам право за тоа“, изјави Груевска-Илиевска.
Судијката направи споредба со постапувањето на Обвинителството, кое ги обезбедувало сведоците при изведувањето на своите докази, посочувајќи дека истата обврска ја има и одбраната.
Одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко објасни дека дел од лицата предложени за сведоци не сакаат да дојдат и да сведочат во постапката.
На денешното рочиште требаше да бидат сослушани Анастасија Соколова, која работела во дискотеката „Пулс“, и Бојан Спасовски, угостител од Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за…
Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“…
Родителите на загинатите во „Пулс“: Со над…
Семејствата на загинатите во пожарот во кочанската…
Градоначалникот на Кочани ќе има средба со…
Во текот на оваа работна недела, градоначалникот…
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…