Уапсен 17-годишниот ученик кој пукаше во две хигиеничарки во училиште во Крагуевац

t

Нови детали пристигнуваат по утринскиот вооружен инцидент во Првото техничко училиште во Крагуевац, Србија, каде што беа повредени две лица. Полицијата го уапсила 17-годишниот ученик осомничен дека пукал со пушка со мал калибар во училишните простории.

На местото на настанот има засилено полициско присуство, а пристапот до училиштето е блокиран со полициска лента. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија и првите снимки од местото на пукањето.

Според Министерството за внатрешни работи на Србија, едно лице најверојатно било повредено од огнено оружје, додека другото се здобило со повреди од скршено стакло.

Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, изјави дека ученик од четврта година повредил хигиеничарка, чиј живот не е во опасност.

Тој потврди дека осомничениот е уапсен благодарение на брзата реакција на полицијата и дека учениците безбедно ја напуштиле училишната зграда. Раководството на училиштето, како што најави, работи на создавање услови за наставата што поскоро да продолжи во нормален тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен 17-годишниот ученик кој пукаше во две…

Нови детали пристигнуваат по утринскиот вооружен инцидент…

ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ!

Во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, ученик…

Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…

Жител на скопското село Шишево е приведен…

Приведен 73-годишник од скопско, со пиштол пукал…

На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници…

Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…

Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…