Уредникот на Информер ќе биде задржан поради предизвикување паника и попречување на правдата, утре ќе биде сослушан во обвинителството

t

Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на српскиот весник „Информер“, е задржан по налог на Второто основно јавно обвинителство во Белград, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Како што се наведува во соопштението, Полициската станица Вождовац донела решение за негово задржување поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување паника и нереди во продолжено траење, како и кривично дело попречување на правдата.

Вучиќевиќ, заедно со кривичната пријава, ќе биде спроведен на сослушување пред јавен обвинител во Второто основно јавно обвинителство во Белград на 26 ноември 2026 година.

Претходно, заменик-главниот уредник на „Информер“, Дејан Вукелиќ, изјави дека Вучиќевиќ бил пресретнат од лица во необележан автомобил и одведен во Полициската станица Вождовац. Во првичната реакција, тој тврдеше дека нема информации за причините за апсењето и најави дека адвокатот на Вучиќевиќ ќе пристигне во станицата.

Вукелиќ го оцени приведувањето како продолжение на, како што рече, притисоците врз „Информер“ и обвини дека целта е да му се оневозможи на Вучиќевиќ јавно да зборува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уредникот на Информер ќе биде задржан поради…

Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник…

Пратениците на СНС ја напуштија седницата, заминаа…

Пратениците на Српската напредна партија (СНС) утрово…

Бомба фрлена врз куќата на директор на…

Рано утринава експлозивна направа била фрлена врз…

Вукелиќ тврди дека уредникот на Информер бил…

Заменик-главниот уредник на „Информер“, Дејан Вукелиќ, се…

Уапсен главниот уредник на ТВ „Информер“, Драган…

Во Белград денеска е уапсен главниот и…