Костовски: Барам одговори зошто НБРМ не ја спаси Еуростандард како сега АЛТА банка!

t

На денешната надзорна расправа за АЛТА банка во Собранието на РМ сведочеше и поранешниот директор на ЕУРОСТАНДАРД банка, Трифун Костовски.

Костовски во своето воведно обраќање праша зошто инструментот „администрација“ не беше применет кога се случија проблемите со Еуростандард банка.

– Моја лична перцепција е дека Еуростандард банка беше ставена на отстрел. Која законска претпоставка за „администрација“ на Еуростандард банка не била исполнета? Барам документ, член, закон од НБРМ. Завршната сметка од стечајниот управник отвараат уште едно прашање, дали реалната состојба на актива на банката била правилно утврдена кога ѝ беше одземена дозволата на банката? – праша Костовски.

Костовски одговори на прашањата на пратениците Миле Талески и Дафина Стојановска.

– АЛТА банка за мене ги исполнувала сите услови, како сериозна банка во соседна Србија, тоа се факти, одговори Костовски на прашањата на Талески.

– Средба со Заев не сум имал, синот мој ми покажа дека дента кога е однесена банката во стечај, мојот син имал средба со тогашниот технички премиер Оливер Спасовски и било разговарано да се запре евентуално било каков процес, бидејќи ние како акционери имавме голема желба банката да не се однесе во стечај. Банката се носи во стечај кога немаме Влада, Собрание, институции, а соработката меѓу институциите е клучна. Затоа ја поддржувам одлуката на НБРМ да ја спаси АЛТА банка. Еуростандард е однесена во стечај со -4% адекватност на капитал, стечајната управа подоцна кажува дека адекватноста е 7%, тоа се 11%. Затоа барам факти, документи, на кои сакам да знам кој ќе влезе во НБРМ да извеши контрола на сите тие записници и документи. Не трпам неправда, неред не сакам, сакам иднина за мојата татковина, нагласи Костовски, во одговор на прашањата на пратеничката Стојановска.

Ве молам симнете ја омразата, љубомората и разговарајте за како да го решите проблемот на обичниот граѓанин, им порача Костовски на пратениците и од власта и од опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костовски: Барам одговори зошто НБРМ не ја…

На денешната надзорна расправа за АЛТА банка…

Мицкоски уверен дека процесот за АЛТА банка…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува успешно завршување на…

Првата аукција за продажба на акциите на…

Народната банка ја започнува постапката за продажба…

Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…

Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…