Ова е кандидатот за претседател на државата на Студентската листа
Студентските пленуми во Србија го поддржале академик Радомир Саичиќ како кандидат на претстојните претседателски избори, објави српскиот портал Директно.рс. Според порталот, одлуката е донесена, а Студентската листа допрва треба официјално да ја соопшти.
Саичиќ бил единствениот кандидат предложен пред пленумите. Претходно се разгледувала можноста студентите да настапат со кандидатка, но таа опција отпаднала пред изјаснувањето. Порталот не го открива нејзиното име ниту околностите под кои се откажало од предлогот.
Саичиќ е редовен член на Српската академија на науките и уметностите и професор на Хемискиот факултет при Универзитетот во Белград. Неговата научна работа е во областа на органската хемија. Се усовршувал во Франција и е автор на повеќе трудови објавени во меѓународни научни списанија.
Во пошироката јавност стана познат за време на студентските протести, кога јавно ги поддржа барањата на студентите. Подоцна се вклучи во политичкиот ангажман на Студентската листа.
Претседателските избори во Србија се закажани за 27 декември. Зоран Ѓајиќ претходно најави дека Студентската листа ќе го објави името на својот кандидат на 27 ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Невработеноста намалена за 2,4 проценти на годишно…
Бројот на невработените лица во третото тримесечје…
Не почна судењето за случајот со 26-годишната…
Судењето по обвинението за напад врз 26-годишната…
Српската полиција уапси 17-годишник во Белград со…
Српската полиција уапси седумнаесетгодишник од околината на…
Тошковски: Нема да дозволиме инциденти за Денот…
Министерството за внатрешни работи ќе преземе максимални…
ОН: Бројот на жаришта на глад во…
Бројот на области чие население е загрозено…