Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов масовен напад

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги повика Украинците во наредните денови внимателно да реагираат на сигналите за воздушна опасност, поради информациите дека Русија подготвува нов масовен напад.

Украинскиот претседател претходно изјави дека, според разузнавачки податоци, Русија ги привршува подготовките за нов масовен напад, чии цели повторно би можеле да бидат енергетски објекти, логистичка инфраструктура и објекти од витално значење во градовите и населените места.

Зеленски на X им се заблагодари на екипите за поправки, енергетските компании, комуналните служби и Државната служба за вонредни состојби за работата на обновување на снабдувањето со електрична енергија по руските напади. Тој наведе дека руските сили продолжуваат да гаѓаат трафостаници, далноводи и електроенергетска мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…