Негативен природен прираст во третото тримесечје – За 647 повеќе умрени отколку родени

t

Во третото тримесечје од 2026 година во земјава се родени 4.160 живородени деца, што е намалување за 4,8 проценти во споредба со истиот период лани.

Во истиот период починале 4.807 лица, или 0,1 процент повеќе во однос на третото тримесечје од 2025 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст и натаму е негативен, односно бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица за 647.

Од вкупниот број починати, 19 се доенчиња.

Во периодот јули – септември годинава се склучени 3.524 бракови, што претставува зголемување за 0,5 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Во третото тримесечје се регистрирани и 397 разведени бракови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Негативен природен прираст во третото тримесечје –…

Во третото тримесечје од 2026 година во…

Сиљановска-Давкова: Чупиќ му даде предност на Охрид…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува дополнително подобрување на…

Ѝ ЈА ОДЗЕЛЕ ЧАНТАТА СО ПАРИ И…

На 26 ноември 2026 година во 10:15…

Регулаторна потврди – од први декември парното…

Регулаторна потврди, парното од први декември поскапува…

Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…