Таткото го пријавил насилникот кој ја претепа жената што заврши на КАРИЛ, нападнал и полицаец – МВР со детали за страшното насилство во Гостивар

t

На 27.11.2026 во 14.10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода М.М.(52) од селото, лице со нарушено ментално здравје. Претходно, неговиот татко пријавил дека околу 12:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал својата 42-годишна сопруга, при што употребил остар предмет и ѝ нанел повреди. Откако ѝ била укажана помош во болницата во Гостивар, поради сериозноста на повредите, жената во бессознание била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на лекување. Исто така, при лишувањето, тој давал отпор и физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. За настанот е известен јавен обвинител, а М.М. бил спроведен во Психијатриска болница – Скопје. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со пиштол и се заканувал на сопругата…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…

15.000 потписи за електронски алки за насилниците…

Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…

Во секоја општина да се отвори семеен…

По последните случаи со насилство во Гостивар…

Грк ja истепал двојно помладата партнерка во…

65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот…

Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…

По вознемирувачкиот случај на физички и психички…