Унгарците усвоија закон со кој политичарите се исфрлени од спортот
Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување на политичарите од светот на спортот со забрана за нивно држење позиции во спортски клубови и здруженија. Ова има за цел да се стави крај на децениската практика на судир на интереси во различни форми и на сите нивоа.
Министрите, членовите на унгарскиот и Европскиот парламент, државните секретари и нивните заменици, претседателите на политичките партии, владините и министерските комесари, претседателите на регионалните собранија и раководителите на компаниите со мнозинска државна сопственост повеќе нема да имаат право да раководат со спортски организации или клубови.
Забраната нема да важи само за време на нивниот мандат, туку и четири години по истекот на мандатот, а ќе се однесува на спортски организации со повеќе од 500 регистрирани спортисти.
На политичарите нема да им биде дозволено да држат позиции ниту во спортски училишта, фондации кои се занимаваат со развој на помлади категории спортисти или во компании основани од спортски клубови и здруженија.
140 пратеници гласаа за законот, додека 49 беа против. Немаше воздржани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарците усвоија закон со кој политичарите се…
Унгарскиот парламент усвои закон со цел оддалечување…
Кос: Албанија би можела да стане членка…
Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска…
Лидерите од Брдо-Бриони побараа објективен и предвидлив…
Целосното и навремено членство на земјите од…
Пленковиќ ѝ постави услов на Црна Гора:…
Црна Гора нема да ги затвори преговорите…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…