Фазлагиќ: Оваа репрезентација покажа дека може да прави големи нешта
Македонија ги започна подготовките за четирите дуели во јуни во Лигата на нации, Енис Фазлагиќ е дебитант во составот на Благоја Милевски.
„Задоволство е и чест да се биде дел од нашата најдобра репрезентација. Сме работеле за тоа цел живот и се спремаме нормално максимално да го дадеме најдоброто на следните натпревари. Овој тим покажа дека може да прави големи нешта, јас ги следев и навивав за Македонија и за нив. Верувам дека постарите играчи во овој тим ќе нè научат нас помладите на многу работи“, изјави Фазлагиќ.
Македонската фудбалска репрезентација ги започнува подготовките за претстојните четири средби во јуни во Лигата на Нации – Ц сектор, група 4, гостуваме кај Бугарија (2. јуни) и Гибралтар (6. јуни), а во Скопје доаѓаат Грузија (9. јуни) и Гибралтар (12. јуни).
Тренинзи на македонската А репрезентација:
Денес – 18:00
Петок – 18:00
Сабота – 18:00
Недела – 11:00
Понеделник – 18:00
Сите тренинзи се на ФФМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…