Aмериканската потпретседателка: Америка нема да дозволи раселување на Палестинците, целта е нивно обединување
Потпретседателката на САД Камала Харис, која е во Дубаи на климатскиот самит КОП28, денеска во разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси нагласи дека Америка нема да дозволи раселување на Палестинците
Како што соопшти кабинетот на потпретседателката, Харис рекла дека САД не го поддржуваат присилното преселување на Палестинците од Појасот Газа или Западниот Брег, постојаната опсада на Газа или прекројувањето на границите и оти една од целите на Вашингтон е да се стави крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас и да се обединат Палестинците во еден владејачки ентитет.
Се очекува Харис да им претстави предлози на регионалните лидери кои „ќе ги стават палестинските гласови во центарот“ кога станува збор за следните чекори за енклавата по завршувањето на конфликтот, соопшти Белата куќа.
– По завршувањето на војната, напорите за обнова треба да се остварат во рамките на јасна политичка перспектива за палестинскиот народ и неговата сопствена држава, предводена од ревитализирана палестинска управа со значителна поддршка од меѓународната заедница и земјите во регионот, нагласи Белата куќа.
Американската потпретседателка јасно стави до знаење дека Хамас не може да го контролира Појасот Газа бидејќи тоа е неодржливо за безбедноста на Израел, благосостојбата на палестинскиот народ и регионалната безбедност“.
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ја нагласува потребата од можно решение со кое би се формирале две држави, како и обновено примирје меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците и испорака на хуманитарна помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…
Проектот за уредување на коритото на реката…
Затвор за разговор со странски новинари: Иран…
Иран го заострува притисокот врз медиумите со…