Објавено на:

Aмериканците се пофалија: САД и помогна на Украина, со разузнавачки податоци, да убие дванаесетина руски генерали

t

Соединетите Американски Држави и дадоа на Украина разузнавачки информации кои им помогнаа на украинските сили да убијат многу руски генерали во војната, објави Њујорк тајмс, цитирајќи висок американски функционер.

Њујорк тајмс пишува дека дел од тајните напори на администрацијата на Џо Бајден биле да и обезбеди на Украина разузнавачки информации во реално време на бојното поле.

Вашингтон, наводно, и доставил на Украина детали за очекуваните движења на руските војници и локација и други детали за мобилниот воен штаб на Русија, а Украина ја комбинирала таа помош со сопственото разузнавање за да изврши артилериски и други напади во кои биле убиени руски офицери.

Разузнавањето вклучува и очекувани движења на руските војници собрани од неодамнешните проценки на САД за тајниот план на Москва за борба во регионот Донбас во источна Украина, изјавија официјални лица.

Украинските власти соопштија дека убиле 12 руски генерали на бојното поле, објави Њујорк Тајмс.

Официјалните лица одбија да прецизираат колку генерали биле убиени како резултат на помошта од САД, додаваат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Лукаревска: Сметам дека ќе бидеме фактор на…

Очекувам дека кај граѓаните ќе надвладее разумот,…

Полска потпиша договор за купување повеќе ракетни…

Најголемата јужнокорејска одбранбена компанија, „Hanwha Aerospace“ го…

Хоти: Никој веќе не му верува на…

Поранешниот премиер Авдула Хоти изјави дека поради…

НАТО: Кина да престане да ѝ помага…

Доколку Кина сака да има добри односи…