Aргентина победник на Копа Америка
Репрезентацијата на Аргентина рано утрово ја совлада Колумбија со 1:0 во финалето на Копа Америка 2024 година.
Основните 90 минути завршија нерешено, 0:0. Стрелец на единствениот гол беше Лаутаро Мартинез во 112. минута по асистенцијата на Џовани Ло Селсо. Двајцата играчи влегоа на теренот во продолженијата.
Турнирот се одржа во САД.
Претходно, во мечот за третото место, селекцијата на Уругвај ја победи Канада (2:2, 4:3 пенали).
Репрезентацијата на Аргентина по 16-ти пат ја освои Копа Америка и стана рекордер на турнирот, надминувајќи го Уругвај, кој има 15 трофеи. Бразил е трет со девет титули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа формираше „Мировен комитет“ кој ќе…
Белата куќа објави формирање на два нови…
Големи пожари во Аргентина, властите се сомневаат…
Шумски пожар во аргентинската Патагонија зафати речиси…
Земјотрес од 5,6 степени ја погоди северна…
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според…
Вучиќ: Србија не доби сигнал од Америка…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави…
Вучиќ: Она што се случува во Америка,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Осака,…