Aрсовска: Буџетот на Град Скопје е блокиран поради неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ

t

ВМРО-ДПМНЕ го блокираше буџетот на Град Скопје со своето неодговорно однесување истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Се работи за несоодветни амандмани кои ги предложија и ги гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје истите тие амандмани не поминаа во министерството за финансии поради технички недостатоци, а со тоа се блокираше во целост буџетот на Град Скопје.

-Прво амандманот не го добивме, имаше предлози од еден од советниците како да се подобри неговиот текст и ние тој текст не го добивме. Ниту тој ниту оваа одлука која сега се става да се гласа. Постои таква обврска соогласно деловникот и јас барам да ни се достави да разгледаме па да дискутираме. Нема никој тука кратка меморија. Сите знаеме што се случу на минатата и пред минатата седница. Еве го документот од министерството за финансии кој што укажа дека тука поради ваквите неодговорни одлуки целиот буџет ни е блокиран. И јас ве замолувам на одговорно однесување. Буџетот е блокиран. Ние со буџетот не можеме да работиме во рамки на она кое што сме го барале соогласно со ребалансот. Доколку се слушаа нашите служби тука немаше да дојде до таа блокада, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум месеци затвор за Игор Дашковски кој…

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот…

Росица пријавувала насилство, тие не постапувале: Обвинение…

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран…

Трамп на 19 ноември планира одделна средба…

Американскиот претседател Доналд Трамп планира на 19…

Рубио и експертите тврдат: Технолошките прекини што…

САД не се под системски напад, изјави…

Предложен притвор за вработениот во ДЗС фатен…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…