Објавено на:

Ajде мајката: Имаат зелени пропусници и рушат корона рекорди, Австрија ги обвинува Балканците

t

Австриското МВР соопшти дека во првата недела од јануари се регистрирани голем број заразени со корона вирусот кај повратниците од годишен одмор, особено од балканските земји.

Најмногу заразени се „увезени“ од Босна, со 1.611 во првата недела од јануари и 822 во втората недела.

Потоа следи Србија со 959 во првата недела од јануари, а 540 во втората.

На трето место е Унгарија со 748, односно 121 случај.

Значително драматично зголемување на бројот на заразени во Австрија придонесоа повратниците од Турција со 147, односно 403 случаи, потоа Романија со 161 и 295 и Хрватска со 180 и 579 случаи, соодветно, јави Танјуг.

Кога станува збор за Германија, во првата недела од јануари и во втората недела се увезени 594 случаи на заразени со корона вирус.

Голем број граѓани, по потекло од Балканот, но и многу Австријци се „уморни“ од суровите епидемиолошки мерки и карантин и отпатуваа во странство за време на зимскиот училишен распуст и божиќните празници.

Претходно, австриските власти го обвинија Балканот за „увоз“ на короната , како што беше случајот минатото лето кога ги обвинија за повторното зголемување на бројот на заразени.

За споредба, во 52-та календарска недела од минатата година, 1.771 заразени со корона се поврзани со враќањето од годишен одмор, а во првата недела од јануари тој број се зголеми на 4.917.

Во втората недела од јануари тој број остана на високо ниво со 4.278 случаи на заразени.

Со новите правила за корона, австриската влада сака да дејствува против таквиот развој на настаните.

Така, одлуката за скратување на важноста на „зелениот пасош“ ќе стапи на сила од 1 февруари, па пропусниците за вакцинираните со две дози, или излечени со една доза вакцина, ќе важи 180 дена.

За оние кои ја примиле бустер вакцината, односно излечени со две дози од вакцината, важноста на „зелениот пасош“ останува со важност 270 дена.

Оние кои ја примиле третата доза од вакцината, односно излечени со две дози од вакцината, од понеделник можат да влезат во Австрија без дополнителни испитувања.

За други, односно вакцинирани со две дози, или излечени, се применува правилото „2G плус“, односно потребен е дополнителен ПЦР тест за да не мора да бидат ставени во карантин.

Инаку, Австрија последните денови бележи рекордни дневни бројки на новозаразени, па на 27 јануари ги имало дури 43.053, според веб-страницата „Ворлдометр“, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Неделниот пораст на бројот на новозаболени е 50 отсто, покажуваат податоците на тој сајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) КАПА ДОЛЕ МОМЦИ: Организаторот ја скрати…

Кадетската репрезентација на Македонија обезбеди место на…

Вотерс: Западот прави богатство од војната, ќе…

Украинците можат да престанат да умираат утре…

(Фото) “Вагнер” јавно бараат платеници за војната…

Во рускиот град Екатеринбург се поставени неколку…

(Видео) Меѓуетнички односи на ниво: Иссвиркан македонскиот…

Вчера вечер на Плоштадот "Скендербег" во Скопје…

(Видео) Протестите продолжуваат: Земјоделците во Холандија ги…

Земјоделците во Холандија прскаат ѓубриво и сено…