Apple привремено го отстрани Telegram од App Store
Apple привремено ја отстрани апликацијата за размена на пораки Telegram од App Store, откако утврдила дека на платформата имало содржини што ги прекршуваат правилата на компанијата за материјали поврзани со сексуална злоупотреба на деца.
Апликацијата доцна во понеделникот беше повлечена од App Store за iPhone и iPad.
Од Apple соопштија дека по спроведената проверка било утврдено постоење на спорна содржина на Telegram. По реакцијата на компанијата, Telegram веднаш ја отстранил содржината и го блокирал корисникот што ја објавил, по што апликацијата повторно била вратена во App Store.
По повод случувањата, од Telegram на социјалната мрежа X објавија порака: „Извештаите за мојата смрт се во голема мера претерани“, алудирајќи дека платформата повторно е достапна.
Во меѓувреме, основачот и извршен директор на Telegram, Павел Дуров, на 30 јуни беше ставен на руската листа на терористи и екстремисти.
Покрај тоа, австралиската канцеларија на комесарот за безбедност на интернет покрена постапка против Telegram, обвинувајќи ја платформата дека не отстранила содржини поврзани со тероризам.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја поврза војната во Иран со…
Францускиот претседател Емануел Макрон ја поврза војната…
Иран тврди дека два танкера налетале на…
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека два нафтени…
ПРВИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА: Убедливо…
Првичните резултати на Државната изборна комисија од…
Нови протести во Париз пред обраќањето на…
По мирното утро, улиците на Париз повторно…
Немирите се шират низ Италија, малолетници се…
Мирните протести во Италија против високите трошоци…