Bандализирана библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип: Искршени столчиња, ишарана фасада и остатоци од искршени стаклени шипиња
Искршени столчиња, ишарана фасада и остатоци од искршени стаклени шипиња затекнеле утринава вработените пред штипската Библиотека „Гоце Делчев“. Триесттина столчиња на амфитеатарот пред библиотеката биле мета на вандалите кои ги искршиле и ги фрлиле во тревата, а дополнително ја ишарале и задната страна од фасадата.
– Сведоци сме на еден вандалски чин, кој е извршен на вчерашен ден во амфитеатарот пред библиотеката „Гоце Делчев“ Штип. Искршени се триесетина столчиња и е уништена со пишување на графити фасадата на библиотеката. Целиот настан е пријавен во МВР и ќе се превземат соодветни мерки со цел казнување на сторителите, вели директорот на Библиотеката „Гоце Делчев“- Штип, Тодор Џидров.
Тој исто така забележува дека не е прв пат овој простор да биде уништен од страна на вандали, а сега штетата се проценува на околу 30 илјади денари. Тој со апел до помладите да го зачуваат она што веќе е направено. На терен утринава беа и полициски случбеници од Полициската станица Штип кои извршија увид на местото на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ристовски: Штип доби нова спортска сала во…
Штип денеска добива нов, современ спортски објект…
Повторно работи филтер-станицата во Штип
Состојбата со водоснабдувањето во Штип постепено се…
Директорот на штипската болница: Ако се докаже…
*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…
Девојка остана во инвалидска количка по царски…
По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…
Неколку милиони денари ќе чини покривот на…
Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…