„BioCosmos”: Фабриката „Мирана” не е зафатена, пожарот настанал од гром
Синоќа, после веста дека се запалила фабриката „Мирана” во Велес, тимот на „БиоКосмос и Мирана” излезе со соопштение на нивната официјална Фјесбук страна
Официјално соопштение – Инцидент со пожар во фабриката BioCosmos
Почитувани пријатели, партнери и потрошувачи,
Ве информираме дека денес избувна пожар во производствениот погон на BioCosmos како резултат на удар од гром. За среќа, пожарот е во тек и под контрола но нема повредени. Дел од просториите на BioCosmos се оштетени и ќе бидат привремено надвор од употреба. , пишува во соопштението
Сакаме јасно да нагласиме дека фабриката Mirana, која се наоѓа во истиот комплекс, не е зафатена од пожарот и производството таму продолжува нормално.
Во координација со надлежните служби работиме на проценка и санација на штетата за што побрзо враќање на BioCosmos во функција. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.
Ве молиме да се воздржите од шпекулации и дезинформации – сите точни и навремени информации ќе ги објавуваме преку нашите официјални канали. , известуваат тие
Со почит,
Тимот на BioCosmos & Mirana
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…
Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…
„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…
Русија се согласила да му испорача на…
Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…