„BLACK FRIDAY“ НЕМА ДА БИДЕ ЦРН ЗА КУПУВАЧИТЕ; Инспекторите тргнаа во акција против лажните „попусти“
Државниот пазарен инспекторат најави засилени редовни и вонредни контроли за време на викендот, со посебен акцент на продажните акции за „Black Friday“. Контролите се насочени кон спречување на потенцијални измамнички трговски практики и доведување на потрошувачите во заблуда.
– Целта на овие надзори е да се обезбеди почитување на трговските правила и да се заштитат правата на потрошувачите во услови на зголемена потрошувачка активност – истакнуваат од Инспекторатот.
Надзорите ќе опфаќаат проверки на реалноста на попустите, коректноста на прикажаните цени и транспарентноста на трговските понуди.
Во пресрет на шопинг викендот, надлежните институции ги повикуваат потрошувачите да купуваат со внимание и да ги проверуваат цените и условите пред да направат одлука за купување.
Од Инспекторатот апелираат до граѓаните да пријавуваат евентуални неправилности, за да се избегнат манипулации од страна на трговците.
Исто така од Пазарниот инспекторат информираат дека до нив во континуитет пристигнуваат поплаки за пушење во угостителските објекти поради што ќе се вршат и надзори согласно Законот за заштита од пушење.
Апелираат до сите трговци и угостители, да ги почитуваат законите, а своите дејности и услуги да ги вршат во согласност со законските прописи.
– Исто така, ги охрабруваме граѓаните, секоја неправилност која ќе ја забележат да ја пријават во Државниот пазарен инспекторат на 191 или на www.dpi.gov.mk, стои во објавата од Државниот пазарен инспекторат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…
Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…
Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…
Во масовно пукање во градот Ири, во…
Москва ја поздрави пораката на Трамп за…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…