Ckaпо не чини животот кој го донесе СДCM: Tpoшоците на живот лани зголемени за 3,2%, цените за 4,3% во споредба со 2020 година

t

Трошоците на живот во декември биле поголеми за 0,4 проценти во однос на ноември, а цените на мало за 0,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Во споредба со 2020 година, трошоците на живот бележат пораст од 3,2 проценти, додека цените на мало се зголемени за 4,3 проценти.

Пораст е забележан во групите: Транспорт за 9,9 проценти, Ресторани и хотели за 5,9 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,8 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 3,1 процент, Здравје за 2,9 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Рекреација и култура за 2,7 проценти, Разновидни стоки и услуги за 1,4 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1 процент и Облека и обувки за 0,2 проценти.

Намалување на индексите имало кај комуникациите за 0,5 проценти, а образование е на исто ниво како претходната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…