Ckaндал во Европарламентот: Триесет пратеници бараат истрага пpoтив политиката на Вархеји
Триесет членови на Европскиот парламент испратија писмо до претседателот на Европската комисија, Урули фон дер Лајен, во кое изразуваат загриженост поради наводната ескалација на политичките тензии во БиХ, поттикната од Милорад Додик и наводниот разговор меѓу комесарот за проширување Оливер Вархеји и Милорад Додик за потенцијален распад на БиХ.
Во писмото, потпишано, меѓу другите, од известувачот на ЕП за Косово, Виола фон Крамон, но не и од известувачот за БиХ, Пол Рангел, се посочува на финансиската поддршка на Унгарија за Република Српска, но и на наводниот документ потпишан од Делегацијата на ЕУ во БиХ, што сугерира дека еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји отворено преговарал со Милорад Додик во потенцијалниот распад на БиХ, што вклучува планови за шестмесечен мораториум на усвојување на закон за еднострано повлекување од државните институции.
„Ако обидот на Додик да ја разбие државата и да воспостави независност на Република Српска со повлекување од државните институции и воспоставување независни власти во РС биде успешен, неговите последици ќе се почувствуваат многу подалеку од границите на БиХ“, се вели во писмото на парламентарците на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Страшна несреќа во Босна: Две девојки загинаа,…
Две девојки од Сараево на возраст од…
Во БиХ запленети 1,1 тони синтетичка дрога…
Властите на Босна и Херцеговина денеска објави…
Судир меѓу полиција и демонстранти на протест…
Протест пред албанскиот Парламент, придружен со судир…
Министерот за надворешни работи на БиХ го…
Министерот за надворешни работи на Босна и…