Објавено на:

Eвакуацијата на Мариупол, градоначалникот вели: Може да изнесеме само 9.000 луѓе

t

Евакуацијата на градот требаше да започне во Мариупол околу 10 часот по средноевропско време, судејќи според временската рамка што ја објавија градските власти.

Поставени се автобуси за транспорт на цивили на безбедни три локации во градот, јавува Би-Би-Си. На цивилите им било кажано дека можат да користат и сопствени транспортни средства, но мораат да возат по однапред одредена рута. Евакуацијата треба да трае до 15 часот по средноевропско време.

Заменик-градоначалникот на Мариупол Серхиј Орлов за Би-Би-Си изјави дека преговорите за привремен прекин на огнот за евакуација на цивилите од Мариупол траеле цела ноќ.

-Договорот беше постигнат пред неколку часа. Веднаш беше објавено и потврдивме дека прекинот на огнот започнува во 9 часот по локално време, рече тој.

-Веднаш ги започнавме сите процедури за да се обидеме да ги извлечеме луѓето. Организиравме 50 автобуси, мислиме дека може да се превезат 5-6 илјади луѓе до Запорожје. Луѓето можат да одат со свои автомобили. Мислиме дека ако се почитува примирјето, 7-9 илјади луѓе можат да избегаат од градот, рече тој.

-Возовите не сообраќаат затоа што Русите ја уништија железничката инфраструктура. Немаме гаранција од руска страна за продолжување на примирјето, работиме на тоа. Мора да разберете дека градот е без инфраструктура во последните четири дена, така што тешко е да се каже на луѓето, заклучи Орлов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…

Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…

Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…

Украина и Русија покажале „мала флексибилност“ за…

Украина и Русија во неформални разговори покажале…