Eзерото „Mладост“ и понатаму опасно: Bодата небезбедна за капење, рекреација и наводнување
И покрај повеќекратните предупредувања, езерото „Младост“ кај Велес и натаму останува небезбедно за капење, рекреација и наводнување – покажуваат најновите резултати од анализите на Центарот за јавно здравје – Велес, направени на 17 јули годинава.
Во извештајот се наведува дека водата е со лош квалитет, особено на мерните места „Отовичка плажа“, „Брод Панини“ и „Плажа Бела Вода“, каде се забележани алармантно високи концентрации на амонијак – дури 50 пати над дозволеното, зголемена заматеност и повисоки нивоа на сатурација со кислород.
Иако микробиолошките параметри покажуваат добра оценка, физичко-хемиските анализи ја рангираат водата меѓу третата и петтата класа – што значи дека не ги исполнува условите за безбедно користење. Дополнително, на терен е забележана масовна појава на алги и густа биомаса со непријатна жолто-кафеава боја која го покрива крајбрежјето.
Стручњаците предупредуваат дека постои сериозен ризик од присуство на цијанобактерии и токсични супстанции – цијанотоксини – кои можат да предизвикаат оштетувања на црниот дроб, нервниот систем и кожни реакции. Поради тоа, Центарот за јавно здравје веќе вторпат препорачува итно и специјализирано испитување за утврдување на нивното присуство.
Извор на проблемот, според експертите, се отпадните води кои завршуваат во езерото од околните населби, од кои дел сè уште не се приклучени на колекторскиот систем за пречистување.
Додека не се потврди спротивното, стручните служби категорично укажуваат: водата од езерото „Младост“ не смее да се користи – ниту за капење, ниту за наводнување, риболов или рекреација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…