EУ ќе ги почести бугарските земјоделци со 1,7 милијарди евра
Бугарскиот министер за земјоделство, Иван Иванов, за ТВ НОВА коментира дека годинава за земјоделството има 3,4 милијарди лева (1, 7 милијарда евра) што до крајот на годинава ќе бидат на сметките на бугарските земјоделци.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во 2022 година, според бугарскиот министер за земјоделство, властите ќе дадат дополнителни 700 милиони лева (350 милиони евра), кои ќе одат за сите земјоделци.
-Секој кој е регистриран како земјоделски производител и ќе докаже дека реализирал производство добива поддршка, изјави бугарскиот министер за земјоделство.
Сериозна поддршка за земјоделскиот сектор ќе има во наредните месеци, бидејќи до октомври ќе бидат обезбедени 600 милиони лева (300 милиони евра) за земјоделците, а главните средства ќе бидат насочени кон чувствителните сектори, како што се овошјето и зеленчукот.
Иванов кажа и дека пченицата во Бугарија е веќе ожнеана, а резултатите се приближни на оние од минатата година, бидејќи земјата веќе има околу 6,5 милиони тони пченица од засеани површини од нешто повеќе од 12 милиони декари.
-Таа е со добар квалитет и за Бугарија нема опасност од недостиг на жито, а се очекува дури и да се извезе, најави Иванов.
Тој потсети дека во моментов целиот синџир од нивата до трпезата е ослободен од ДДВ, коментирајќи дека наесен е многу веројатно дека ќе нема промена на цената на лебот во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…