EХФ не направи циркус: Алкалоид го освои својот прв европски трофеј!

t

Eвропската ракометна федерација конечно ја донесе одлуката за одложениот натпревар помеѓу Алкалоид и АЕК кој требаше да се одигра во Скопје и македонскиот претставник, сега и официјално е новиот шампион во ЕХФ Европскиот куп.

Алкалоид славеше победа на гости во Атина со 29-25, а грчкиот тим на реваншот во Скопје не излезе на теренот. Причината беше незадоволството од бројката на дозволените гостински навивачи.

ЕХФ натпреварот го регистрираше со службени 10-0, па така Алакалоид сега може да го слави својот прв европски трофеј.

Меѓутоа казна ќе има и за Алкалоид поради одбивањето да обезбеди доволен број на билети за гостинскиот состав, таа одлука дополнително ќе се донесе, но нема да го промени тоа дека Алкалоид е освојувач на натпреварувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

34 годишник од струмичко село – се…

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство…

Преспа ќе добие мрежа од 188 километри…

Преспанскиот Регион ќе добие нова туристичка инфраструктура…

НБ: Од денес достапни електронското и мобилното…

Народната банка продолжува со постепено олеснување на…

Ден на жалост во Бугарија по тешката…

Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…