E сега ќе бидеме први во светот: Кочовска се сретна со Славевски се договорија дека ќе ја координираат монетарната и фискалната политика

t

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со новоизбраниот гувернер на Народната банка Трајко Славески. На средбата двајцата соговорници разменија мислења за тековните економски предизвици и изразија заложба за продолжување и понатамошно зајакнување на координацијата помеѓу Министерството за финансии и Народната банка во насока на донесување политики што ќе бидат одржливи и во интерес на граѓаните и на стопанството.

На средбата беше изразено заедничкото уверување дека тековната макроекономска стабилност е приоритет којшто треба и понатаму да се одржува и унапредува преку добро усогласени и координирани политики. Беше истакната важноста на блиската соработка помеѓу фискалната и монетарната власт за обезбедување предвидлива економска средина, како основен предуслов за побрз економски раст.

Дополнително, беше нагласено и значењето на координираниот пристап меѓу сите финансиски регулатори во земјата, за да се овозможи понатамошен развој на стабилен, конкурентен и инклузивен финансиски систем, кој ќе биде отпорен на надворешни шокови и во функција на долгорочен економски напредок.

Министерката Димитриеска Кочоска и гувернерот Славески изразија подготвеност за континуирана институционална комуникација и соработка, со цел ефикасно справување со тековните и идните економски предизвици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 600 затвореници во Велика Британија…

Британската влада денеска ослободи уште 650 затвореници…

(Видео) Еден полицаец загина, а друг е…

Еден полицаец загина, а друг е тешко…

34 годишник од струмичко село – се…

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство…

Преспа ќе добие мрежа од 188 километри…

Преспанскиот Регион ќе добие нова туристичка инфраструктура…

НБ: Од денес достапни електронското и мобилното…

Народната банка продолжува со постепено олеснување на…