EK: Поддршката на ЕУ за владеењето на правото и бopбата со kopупцијата на Западен Балкан не даде резултати

t

Европската комисија го поздрави денешниот извештај на Европскиот суд на ревизори за поддршката на ЕУ за владеењето на правото на Западен Балкан, истакнувајќи дека европските ревизори оцениле дека поддршката на ЕУ придонела за реформите што доведоа до одредени позитивни случувања во владеењето на правото во некои партнери од Западен Балкан, но и дека тие посочија дека недоволната домашна политичка волја за иницирање реформи го ограничи нивното влијание.

„Владеењето на правото останува камен-темелник на процесот на пристапување и ќе го одреди целокупното темпо на напредокот на партнерите од проширувањето на нивниот пат кон ЕУ“, се вели во изјавата на ЕК за Танјуг. Во соопштението се наведува дека ЕК го зајакна својот фокус на владеењето на правото и основните права преку нова методологија за пристапување.


Акцијата на ЕУ имаше мало влијание врз унапредувањето на фундаменталните реформи во владеењето на правото во Западен Балкан, се вели во специјалниот извештај на Европскиот суд на ревизори (ЕЦА).

Во извештајот објавен денеска, ЕЦА оценува дека се случиле одредени технички и оперативни реформи, но предупредува дека поддршката на ЕУ била недоволна за справување со постојаните проблеми во областа на независноста на судството, концентрацијата на моќта, политичкото мешање и корупцијата во земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стотици илјади риби изумрeле од студот во…

Стотици илјади одгледувани риби угинаа од термички…

(Видео) Објавени песните за избор на Евровизија,…

МРТ ги претстави шесте избрани песни во…

Влaста увeрувa дeка нe сe рaзговара зa…

Власта уверува дека со Бугарија не се…

17.182 случаи на новид во Македонија, министерот…

Дополнителни рестриктивни мерки засега нема, а доколку…

Денес променливо и облачно со врнежи од…

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно…