Ferrari „Luce“ – електричниот модел од 40 милиони евра што предизвика бурни реакции

t

Првиот целосно електричен Ferrari, кој годинава стана најконтроверзниот модел на италијанскиот производител на спортски автомобили, беше продаден на аукција за неверојатни 40 милиони долари, односно околу 34,5 милиони евра.

Приходот од аукцијата, одржана во рамки на автомобилскиот саем во Пебл Бич, Калифорнија, во целост ќе биде дониран на хуманитарната фондација на Ferrari.

Автомобилот од моделот Ferrari Luce го носи бројот на шасија 0, што значи дека е првиот произведен примерок од серијата. Покрај тоа што станува збор за уникатен автомобил, сумата од 40 милиони долари се смета и за рекордна цена постигната за нов автомобил.

„Luce“, чија цена започнува од 550.000 евра, беше претставен во мај и веднаш предизвика жестоки реакции. Најмногу критики предизвика дизајнот, кој значително се разликува од препознатливиот изглед на спортските автомобили на Ferrari.

Негативните реакции на интернет првично предизвикаа пад на цената на акциите на традиционалната компанија, но во меѓувреме таа повторно значително порасна и е над нивото пред претставувањето на „Luce“.

И покрај критиките, Ferrari смета дека кај своите имуќни клиенти постои „здрава побарувачка“ за електричниот модел. Според Financial Times, продажната цел за оваа година, од околу 500 автомобили, била достигната уште на почетокот на јули.

За развојот на „Luce“, Ferrari доби помош и од поранешниот главен дизајнер на Apple, Џони Ајв, кој со години го обликуваше изгледот на iPhone, Mac и други производи на компанијата. Ајв дизајнирал комбинација од дигитални и аналогни контроли за ентериерот на електричниот Ferrari.

Интересно е што Apple со години работеше на сопствен електричен автомобил, но на крајот го откажа проектот, откако во него беа вложени милијарди долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari „Luce“ – електричниот модел од 40…

Првиот целосно електричен Ferrari, кој годинава стана…

Менсел го продаде своето Ферари од 1989…

Поранешниот Ф1 шампион, Најџел Менсел на аукција…