Heма крај: Дали Грција најавува ново вeто за Македонија

t

Преспански договор беше потпишан од министрите за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, и Македонија, Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц, на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на крајбрежјето на Преспанското Езеро.

Помалку од една година подоцна Владата на Македонија ифнормираше дека од 12 февруари 2019 година, влегува во сила Преспанскиот договор, со кој го менува своето името на држава од Република Македонија во Република Северна Македонија

На потпишувањето на договорот присуствуваше и тогашниот македонски премиер Зоран Заев, но и грчкиот премиер Алексис Ципрас. Според Заев договорот од Преспа, како и Договорот за добрососедство со Бугарија требаше да ги отвори вратите на Европската Унија за Македонија, но по се изгледа дека ни се случува спротивното.

На првите избори по потшишувањето на договорот во Грција, Ципрас и неговата Сириза ги загубија изборите, а на власт дојде Кирјакос Мицотакис кој беше жесток противник и критичар на Договорот како опозиционер.

Договорот за добрососедство со Бугарија им создаде правна рамка на Бугарите да ја блокираат Македонија на патот кон ЕУ за што предупредуваше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Сега сите бугарски политичари се обединети околу идејата и резолуцијата на бугарското Собрание за непризнавање на постоење на македонска нација и јазик, а откажувањето од идентитетот на Македонецот е основен услов за деблокирање на европскиот пат на Македонија. Бугарскиот став е дека од Македонија се бара да се почитува Договорот за добрососедство во кој никаде експлицитно не се искажани ваквите бугарски ставови, но сепак имплицираат на идентитетот на Македонија.

Како и за бугарскиот, така и за Договорот за промена на името, опозицијата и експертите предупредуваа дека наместо да биде решение истиот ќе биде извор на проблеми поради членовите кои можат да бидат мета на различно толкување.

И токму тоа го најави сега Мицотакис во интеврју за грчката телевизија „Антена“.

Мојата критика за договорот не се однесуваше на името, се однесуваше на македонскиот јазик и македонската етничка припадност и продолжувам да верувам дека ова е голема грешка, изјави Мицотакис.

Тој истакна дека треба да започне пристапниот процес на земјава во Европската Унија, бидејќи преку тоа Грција „ќе има можност да притисне за спроведување на договорот и да се излечат евентуалните слабости онолку колку што тоа го дозволува правната рамка“.

Од ваквите ставови на Мицотакис можеме да извлечеме заклучок дека ќе ни се случува бугарското сценарио во кое Македонија ќе биде блокирана и по отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ во секое по секое од поглавјата во преговорите со Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kурти смета дека местото на Косово е…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Берлин…

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ,…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…

ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите:…

Владите на Европската Унија годишно губат 286,5…

ЕУ дели бесплатни карти за патување низ…

Европската комисија повторно им подарува билети за…