Huawei планира да произведе 100 милиони паметни телефони следната година
Кинескиот технолошки гигант Huawei планира да произведе дури 100 милиони паметни телефони до 2024 година, што е за 40 отсто повеќе од претходните прогнози на компанијата.
Бидејќи испораките на телефони Huawei Mate 60 се предвидува да достигнат 20 милиони оваа година, ова му дава поттик на кинескиот технолошки гигант да го зголеми производството на идните модели. Поради тоа, Huawei планира да произведе неверојатни 100 милиони смартфоно кои ќе бидат продадени во текот на следната година.
Со помош на чипсетот Kirin 9000s, богатството на компанијата веројатно повторно ќе достигне големи височини во комбинација со планираната бројка за производство за 2024 година.
За споредба, Huawei достигна 240 милиони пратки во 2019 година пред САД да воведат санкции кон Кина и конкретно кон оваа компанија.
Претходните прогнози на аналитичарите укажуваа дека кинеската компанија ќе обезбеди 70 милиони телефони до 2024-та година, но сега тие исто така веруваат дека компанијата всушност би можела да ја зголеми таа бројка за 30 милиони, пишува Wccftech.
Сепак, дури и со толку зголемено производство, тие бројки се само дел од она што Huawei го постигна пред четири години кога се очекуваше да го симне јужнокорејскиот Samsung од тронот и да стане најголемиот продавач на паметни телефони во светот. Но, тоа не се случи токму поради гореспоменатите санкции од САД.
Сепак, и покрај пречките, компанијата не се откажа и продолжи да се бори, па оваа година беше лансиран чипсетот Kirin 9000s, кој беше создаден во соработка со исто така кинеската фабрика SMIC во производниот процес од 7 nm. Иако овој чип сè уште заостанува зад конкуренцијата, самото негово постоење е од големо значење бидејќи сигнализира дека компанијата ќе продолжи да се развива дури и под санкции.
Гласините кои кружат на интернет тврдат дека Huawei исто така се подготвува да ја лансира серијата телефони P70, а упатените очекуваат тоа да биде првиот водечки модел на телефон на компанијата следната година. Сепак, чипсетот што ќе ги напојува овие телефони во моментов сè уште е мистерија.
Покрај тоа, Kirin 9000s веројатно ќе почне да ги напојува малку попристапните телефони на компанијата, што значи дека може да видиме нови чипови наменети за премиум уреди.
Напредокот на кинеската компанија логично се одразува и на нејзините конкуренти, па аналитичарите тврдат дека американскиот Qualcomm следната година ќе загуби околу 60 милиони нарачки за своите чипови, само благодарение на процесорот Huawei Kirin 9000s. Покрај тоа, Apple се соочува и со предизвици во Кина кога станува збор за испораките на iPhone, благодарение на новите телефони на Huawei.
Сепак, исто така е сигурно дека конкуренцијата нема да ги остави работите на случајност, па веројатно ќе видиме релевантна реакција на ривалите на потезите на кинеската компанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американските технолошки ограничувања за Кина не функционираат
Кинеските компании продолжуваат да купуваат американска опрема…
Huawei планира да произведе 100 милиони паметни…
Кинескиот технолошки гигант Huawei планира да произведе…
Дрога и телефони пронајдени при претрес во…
Министерството за внтарешни работи соопшти дека при…
Бигорски со апел до верниците да не…
Во пресрет на Христовото Воскресение, најголемата радост…
Бил Гејтс се огласи на Твитер: Јас…
Деви Шридар е американски истражувач за јавно…