II ден СЕФФ: Зелена транзиција и економскиот раст по кризата во центар на вниманието

t

Скопскиот економско финансиски форум СЕФФ денеска продолжува со дебати во рамки на форумските столбови „Енергијата, зелената транзиција и инфраструктурата“ и „После кризата: Двигатели за економски раст“.

Според агендата вториот ден од меѓународната конференција ќе започне со обраќања на шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери, потоа ќе се дебатира на темите „Енергија и зелена транзиција“, „Инфраструктура, поврзаност и трговија“, „Финансиски иновации и инвестиции во услови на неизвесност“, „Нови предизвици за добро владеење“ и „Човечкиот капитрал во 21 век“.

Меѓу учесниците на панелите се претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Одил Рено-Басо и потпретседателката на Европската инвестициска банка (ЕБОР) Лилјана Павлова. На одделни панели се предвидени учества и на ви епремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и на министрите за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, за транспорт и врски Благој Бочварски, за образование и наука Јетон Шаќири и за здравство Беким Сали, на директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Артур Лорковски, на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски и на повеќе амбасадори.

Форумот ќе биде заокружен со панел на кој министерот за финансии Фатмир Бесими и поранешните министри во овој ресор ќе ги сумираат оценките и укажувањата од дводневниот настан.

Вчера, на стартот на форумот, на првиот панел кој се однесуваше на тоа како да се пристапи на макроекономските предизвици во овие времиња, а во насока на одржување на економскиот раст, беше порачано дека на краток рок се потребни мерки за поддршка на ранливите категории граѓани и фирмите кои се директно засегнати од кризата и одржување на стабилноста. На среден и долг рок, пак, поттикнување на конкуретноста и растот преку фокус на структурните реформи: зелена транзиција, енергетска ефикасност, дигитализација, вложувaње во човечки капитал и поврзување со земјите во регионот.

Како што беше истакнато, изминатите две години светот и економијата постојано беа соочени со нови шокови и искушенија. Прво пандемијата со што доведе го голема економска криза, односно најголемата рецесија од Втората светска војна, потоа нарушувањето на синџирите за добавување што предизвика раст на цените на примарни производи. Војната во Украина имаше главна улога во растот на цените на примарните производи, предизвика дополнителни нарушувања на синџирите на добавување и раст на претпазливоста кај инвеститорите и потрошувачите. Заканите од пандемијата се сѐ уште присутни, а светската економија се соочува со повеќе кризи истовремено.

Фискалните власти реагираа на адекватен начин за да се извлечеме од овие кризи со подобар исход од можниот и на самата дискусија беше посочено колку е битно координацијата меѓу фискалната и монетарната политика.

– Владата најодговорно се справува со огромните економски и енергетски предизвици, како и со последиците од воената агресија врз Украина. Носиме тешки, принципиелни и пред се државнички одлуки за да ги заштитиме граѓаните, нивниот стандард и нивните приходи, како и ликвидноста на компаниите, порача премиерот Димитар Ковачевски.

Како клучни мерки кои Владата ги презеде и ги презема на среден и долг рок тој ги посочи оние за заштита на животниот стандард на најранливите категории граѓани, како и задржување на ликвидноста на компаниите, потоа мерките за одржлив економски раст, односно долгорочна поддршка на растот на производството и зголемување на инклузивноста.

На отворањето на Форумот, добитникот на Нобелова награда за економија, американскиот професор Пол Кругман осврнувајќи на состојбите по кризата предизвикана и од пандемијата, но сега и од војната во Украина, истакна дека се чувствуваат последиците од нив, но оти засега не може да се зборува дали технички земјите ќе бидат во рецесија, иако, како што нагласи, сите ќе чувствувам економска болка.

СЕФФ е иницијатива на Министерството за финансии чија цел е да овозможи дебата за јавните политики на теми релевантни за Република Македонија и за Југоисточна Европа, преку годишни конференции, повремени семинари и портал за анализи и коментари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…