Објавено на:

(Видео) Jeмен неофицијално му објави војна на Израел – Хутите ја превземаа одговорноста за нападите во југот на државата

t

Бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран, ја преземаат одговорноста за серијата напади врз јужен Израел.

Јахја Срија, портпарол на групата, вели дека воздушниот напад, кој опфаќа беспилотни летала, како и балистички и крстаречки ракети, бил извршен „од чувство на верска, морална, хуманитарна и национална одговорност“ за луѓето во Газа пред лицето на слабоста на арапскиот свет и дослухот на некои арапски земји со Израел“.

Операцијата беше поттикната од „барањата на јеменскиот народ“, додава тој.

Бунтовниците Хути во Јемен, поддржани од Иран, ја преземаат одговорноста за серијата напади врз јужен Израел.

Сарија забележува дека ова е трет напад извршен од групата против Израел од почетокот на војната и вети дека ќе изврши дополнителни напади против Израел со проектили и беспилотни летала.

Лансирањето на ракетите изутрината активираше сирени во Еилат и беа пресретнати од системот за воздушна одбрана „Ароу“. Израелски авиони ги соборија беспилотните летала.

Премиерот на владата на Хутите, Абделазиз бин Хабтур, претходно истиот ден изјави дека беспилотните летала користени во нападот „припаѓаат на државата Јемен“.

Хутите, кои го зазедоа главниот град на Јемен Сана во 2014 година и контролираат големи делови од земјата, се „дел од оската на отпорот“ против Израел заедно со Хамас – кој исто така е поддржан од Техеран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европратеничката Јовева до Вучиќ: „Светот гледа“

Европратеничката Ирена Јовева му порача на Александар…

Дачиќ очекува стабилен резултат, Вучевиќ верува дека…

Претставниците на владејачката коалиција во Србија по…

Засилени активности во Пионирскиот парк во Белград:…

Во Пионирскиот парк во Белград се наоѓа…

Излезни анкети и „Полимаркет“ предвидуваат победа на…

Според процените на платформата за предвидувања „Полимаркет“,…

Вучиќ: Ако изгубиме, ќе ја признаеме волјата…

Александар Вучиќ, носител на изборната листа „Обединета…