Kатастрофа: До крај на веков Македонија ќе остане без 50%-60% од населението според прогнозите на ОН!

t

Босна и Херцеговина го зазема првото место на листата на земји со најмногу намален број на жители во светот, покажа извештајот на Обединетите Нации (ОН) за 2022 година, „Перспективи на светското население“.
Според извештајот, Босна и Херцеговина годишно губи над 1,5 отсто од своето население.

Меѓу првите десет земји се најдоа и Србија и Хрватска, едната на седмо, а другата веднаш по неа, на осмо место.

ОН очекуваат Летонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Литванија, Косово, Ерменија, Македонија, Полска, да изгубат 40 до 50 отсто од населението до крајот на овој век.

Анализата на состојбата со населението потврди дека Босна и Херцеговина е земја со „најниска ниска“ плодност во светот – 1,25, високи нивоа на миграција и стареење на луѓето, како и со длабоко вкоренети родови нееднаквости, предупреди неодамна Џон Кенеди Мосоти, претставник на Популациониот фонд на ОН во Босна и Херцеговина, по составувањето на Проекцијата за населението на државата за периодот 2020 – 2070 година.

Тој оцени дека до 2070 година, таквите демографски трендови и нееднаквости ќе доведат до намалување на вкупното население за повеќе од 50 отсто, додека демографската структура ќе се приклонува кон постарата популација, со нејзин удел во вкупниот број жители од над 40 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Македонските, албанските и српските криминалци соработуваат,…

Криминалот не познава етнички граници, додека политичарите…

ПРЕКИН НА КЛУЧЕН ПОДМОРСКИ ИНТЕРНЕТ-КАБЕЛ: Пакистан се…

Сериозни нарушувања во интернет-комуникациите се пријавени во…

Се запалиле бандери за електрична енергија во…

Скопските пожарникари вечерва имале полни раце работа.…

Горело патничко возило, ЦУК се огласи за…

Пожар избувнал вечерва во подземниот паркинг на…

ГОЛЕМ ПРЕКИН НА ИНТЕРНЕТОТ ВО ШВАЈЦАРИЈА: Проблеми…

Голем прекин на интернет-услугите вечерва, 18 ноември,…