Kиев тврди дека украинската армија ослободила неколку населени места во Херсонската област

t

Официјален Киев соопшти дека украинските оружени сили вчера го ослободиле местото Високопилија во херсонската област.

Кирило Тимошенко, заменик-шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, на Телеграм објави фотографија од подигнувањето на украинското знаме во Восокопилија.

Инаку, извештаи за ослободување на тоа населено место во северниот дел на регионот на Херсон беа објавени и во текот на јуни.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на воен состанок изјавил дека украинските знамиња се повеќе се враќаат таму каде што припаѓаат.

„И нема место за окупатори во нашата земја“, ја објавува Кабинетот изјавата на претседателот, без притоа да се дадат детали.

Медиумите во Киев уште јавуваат дека украинските воени единици во текот на вчерашниот ден го ослободиле и местото Озерне во Доњецк. Информацијата не е потврдена од независни извори.

Украинската армија на крајот на минатиот месец покрена офанзива за ослобо

Руското Министерство за одбрана ги негира наводните успеси на украинската армија.

дување на регионот Херсон што руските сили го зазедоа набргу по почетокот на инвазијата на 24 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина опозициски градоначалници осудени на затвор до…

Турски суд осуди петмина опозициски градоначалници на…

Вечерва се активни седум пожари, денес на…

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на…

Два сребрени и еден бронзен медал за…

Борачите ги донесоа првите (три медали) за…

Трамп: Иран доживува целосен колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека…

Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…

Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…