Објавено на:

Kланот на Звицер парите од дрогата ги пренесувале во саксии со лалиња

t

Кокаинот и милиони евра од продажбата на парите од дрогата на Кавачкиот клан биле транспортирани низ Балканот во саксии со лалиња. Српската полиција влегла во трага на една таква компанија чија основна дејност бил увоз на цвеќе, особено лалиња, од Холандија.

„Нечистите“ пари дошле од таа земја, во која биле испорачани од Шпанија, спакувани и транспортирани во Србија и Црна Гора кај Радоје Звицер и неговите соборци, тимот на Вељко Беливук. На овој начин стигнале милиони евра.

Кога вмешаните во транспортот ќе почувствувале дека ќе има проблеми и детален претрес на царинска испостава, на камионите кои се движеле пред нив испраќале лажни пријави за дрога. Полицијата и цариниците ги запреа тие камиони на штрек, додека „наполнетите“ товарни возила непречено минувале.

Во Холандија парите биле спакувани во вакум кеси, кои биле ставени во саксии под цвеќето напишано во декларациите и на тој начин преминале неколку граници кон Србија и Црна Гора

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…