Kланот на Звицер планирал дрогата од Дубаи да ја пренесе преку Македонија
Радоје Звицер, водачот на Кавачкиот клан преку апликацијата „Скај“ го информирал поранешниот црногорски полицаец Љубо Миловиќ за плановите за шверц на кокаин од Дубаи.
Во преписката го споменува и Александар Ацо Мијајловиќ, кој на 19 февруари годинава беше уапсен под сомнение дека е еден од организаторите на „Гранд Клан“. Тој наводно бил ангажиран за да види што може да направи во врска со плановите за шверц на кокаин од Дубаи.
Преку апликацијата Скај, Лазовиќ, еден од учесниците во преписката, го информира Миловиќ за деталите за плановите за шверц на кокаин, вклучувајќи информации за пристаништата во Бугарија, Грција, па дури и во Македонија.
Грција и Бугарија треба да можат. Не знам дали ни е интересно… Дали е валидна линијата Еквадор-Грција, никогаш не сум разговарал за тоа со моите. Бидејќи има фирма, може да ја однесе во Македонија за да ја преземе – му пишува Миловиќ на Звицер.
Миловиќ е еден од најбогатите полицајци во Црна Гора чие богатство се проценува на 50 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…