Kурти ќе апси: Луѓето на барикадите се криминалци
Kосовскиот премиер Албин Курти изјави дека земјата што ја предводи нема да разговара и да соработува со, како што рече, криминалците кои поставија барикади на северот, туку ќе ги уапси.
Курти на седницата на Владата во средата рече дека овие криминалци (Срби), кои се санкционирани од Соединетите Американски Држави и Велика Британија, се поддржани од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
„Во однос на состојбата во општините на северот на Косово, на постапките и законските одлуки на Владата и институциите на Косово се спротивставуваат криминалци кои ги провоцираат властите задолжени за спроведување на законот и безбедноста. За жал, овие криминалци санкционирани од САД и Британија се поддржани од претседателот и Владата на Србија со цел да се дестабилизира регионот и да се поткопа територијалниот интегритет на Косово. Институциите на Косово нема да разговараат и соработуваат со криминалци, туку ќе ги апсат“, рече Курти.
Во однос на поставувањето барикади, Курти истакна дека оваа акција е незаконска, неприфатлива и нема да се толерира. Тој нагласи дека на Кфор му го дале потребното време и простор да дејствува, но „ова време истекува“.
Ниту принципот на слободно движење, ниту барикадите кои го спречуваат слободното движење не можат долго да траат“, рече Курти.
Северно Косово е блокирано од 9 декември, кога Србите, за да се спротивстават на апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ, поставија повеќе од 16 барикади на различни локации на север. Пантиќ е осомничен дека организирал напади врз општинските изборни комисии. Нова барикада е поставена во вторникот вечерта на два километри од граничниот пункт Мердара на српска страна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп тврди дека Србија сакала да започне…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Србија…
Вучиќ: Време е да почнеме да го…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес нагласи дека…
Скопје домаќин на лидерска средба ЕУ –…
Во понеделник и вторник, Скопје ќе биде…
ОЈО Битола со наредба за истрага –…
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…
Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово,…
Вчера во 16 часот во СВР Тетово,…