Објавено на:

,,Kурти се обидува да направи сојуз со опозицијата во Македонија”

t

Дел од албанските и косовските политичари ја критикуваат реториката на косовскиот премиер Албин Курти со која тој неодамна настапи во Скопје и Тетово.

Екс претседателот на Црвено-црната алијанса од Тирана, Крешник Спахиу, за „Еуроњуз Албанија“ изјави дека Курти, откако не успеа да дојде на власт во Албанија, се обидува да дојде на власт во Македонија. Спахиу рече дека премиерот на Косово се обидува да направи сојуз со опозицијата во Македонија.

„Откако се обиде да ја урне Владата во Тирана, сега се обидува да ја урне Владата во Скопје. Албин Курти учествуваше на изборите во Тирана и на изборите во 2021 година освои 300 гласа, со што отворено ја бараше власта во Албанија. Кога виде дека не успеа во ова и дека нема поддршка во Албанија, се обиде да создаде политички конфликт со формирање на сојуз со опозицијата во Македонија“, рече тој.

Тој додава дека сојузот што може да го има Курти со екс албанскиот претседател Сали Бериша или со некој опозициски фактор во Македонија не е забранет со закон, но би било добредојдено само ако имаат сојуз со сите албански партии.

„Патриотска партија што би била формирана, мора да има во својата база сојуз на сите Албанци за партиски интереси, без разлика, социјалистички или демократски, во власта или во опозицијата“, заклучи Спахиу.

Партијата БЕСА се амнестираше од одговорност за веењето на знамето на „Голема Албанија“ на собирот во Тетово на кој присуствуваше косовскиот премиер Албин Курти, а чиј домаќин беше токму претседателот на партијата кој воедно е градоначалник на Тетово, Билал Касами.

Посетата на Курти на Скопје и Тетово, беше тема на анализа на српскиот дипломат Зоран Миливојевиќ. Тој за Блиц посочува дека Курти ја спроведува својата и политичката платформа на неговото движење Самоопределување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…