Kaматите на Американските обврзници на чекор од 5 проценти – нов аларм на светските финансиски пазари
На светските финансиски пазари се приближува граница која инвеститорите внимателно ја следат — приносот на десетгодишните американски државни обврзници се доближи до 5 проценти.
Во азиското тргување приносот достигна околу 4,97 проценти, највисоки нивоа од крајот на 2023 година, додека продажбата на државни обврзници се прошири низ повеќе светски пазари.
Главната причина повторно е енергијата.
Нафтата Brent неделава се искачи речиси до 110 долари за барел, создавајќи страв дека инфлацијата повторно може да забрза. Истовремено, Европската централна банка веќе ги зголеми каматите, а инвеститорите сега проценуваат околу 72 проценти веројатност дека американската Федерална резерва ќе ја зголеми каматната стапка на состанокот следната недела.
Но се случува уште нешто интересно.
Американското Министерство за финансии се обиде да ја подобри ликвидноста на пазарот преку откуп на сопствени обврзници. Во последната операција откупи околу 5,2 милијарди долари, но тоа не беше доволно за да го спречи растот на приносите.
Зошто границата од 5 проценти е толку важна?
Американските државни обврзници претставуваат основна референтна точка за цената на капиталот во светот. Кога нивните приноси растат, поскапуваат хипотекарните и потрошувачките кредити, задолжувањето на компаниите, но и задолжувањето на државите.
А тоа индиректно е важно и за Македонија.
Доколку глобалните каматни стапки останат високи, секое идно македонско задолжување на меѓународните пазари може да стане поскапо. Поголемите каматни трошоци потоа значат и поголем притисок врз Буџетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пелистер добива нов мониторинг објект над Маловишта
Вработени во ЈУ Национален парк „Пелистер“, заедно…
Task Force удри по нарко-трговијата: 20 лица…
Дваесет лица, меѓу кои и двајца странски…
Нова градинка во Теарце: 10 занимални и…
Во Општина Теарце денеска беше отворена детската…
Сиљановска-Давкова со претставнички на „До бебе по…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со…
Мистер Бин се враќа: Роуан Аткинсон повторно…
Британскиот актер и комичар Роуан Аткинсон ќе…