Kaко ДНК од мајката на Коста се нашла на чаурите што ги испукал нејзиниот син?
Големо внимание на јавноста привлече информацијата што ја соопшти главниот јавен обвинител а се однесува на мајката на момчето-убиецот Коста К.
Форензичарот Часлав Ристиќ за „Информер“ вели дека Миљана К. најверојатно имала контакт со муницијата пред нејзиниот син да тргне во убување и и дека така оставила ДНК .
– Во тој стан живееше со сопругот и синот. Најверојатно дошла во контакт со таа муниција и така ја оставила својата ДНК. Дали тоа било од љубопитност или од потреба, тоа нека го утврди истрагата. Ова може да укаже на многу работи – вели Ристиќ.
Според него, постапката за недозволено носење и поседување оружје, што обвинителството ја покрена против мајката на Коста, укажува дека таа имала контакт и со оружје.
– Во секој случај, кривичното дело што и се става на товар е крајно тешко и за тоа се заканува тешка затворска казна – вели соговорникот на Информер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…