Koвачевски за најавата на партијата на Курти да учествува на изборите во Македонија: Ако почнат и другите соседни земји…
Премиерот Димитар Ковачевски даде свое видување на најавите дека партијата на Албин Курти, ќе учествува на изборите во Македонија во 2024 година.
„Вчера видов и јас дека партија од соседството ќе учествувала тука. Треба да се види законот за политички партии, законот за избори. Нормално дека сестрински партии можат да се подджуваат меѓусебе, како ние социјалдемократските партии од соседството и регионот. Меѓутоа моделот за кој зборуваат навистина не можеше да биде јасно препознаен во некоја изјава која беше дадена и затоа треба да биде дообјасено. Бидејќи ако почнат партии од соседството да учествуваат на избори овде тогаш може да замислите што ќе биде ако дојде и од другите соседни држави да учествуваат на избори овде“, изјави Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДИК усвои заклучок за конечност на резултатите…
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница…
ФОКС ЊУЗ: САД РАЗГЛЕДУВААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ…
Соединетите Американски Држави разгледуваат можност за продолжување…
Можни прекини во платежните трансакци викендов поради…
Македонската банкарска асоцијација соопшти дека во текот…
Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен…
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од…
Русија го ограничува извозот на вештачки ѓубрива
Русија ги намали извозните квоти за ѓубрива…