Koj сака нека честита: Изборот на Гаши го честитаа претседателите на парламентите на Албанија и Косово

t

Претседателката на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, му го честита изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Македонија.

„Честитки до новиот претседател на Собранието на Република С Македонија, Африм Гаши. Со верба дека парламентарната соработка помеѓу собранијата на двете земји ќе се унапредува и проширува“, пишува во честитката на Никола.

Изборот на Гаши го честита и Илир Мета, поранешен претседател на албанскиот парламент и поранешен претстедател на Албанија.

„Верувам дека со своето парламентарно искуство ќе демонстрира сеопфатно и кооперативно лидерство, без разлика на етничките и политичките разлики, и ќе ги гарантира правата на опозицијата во Собранието и нејзиното целосно учество во институционалниот и демократскиот живот. Албанците, како државотворен фактор, јасно ориентирани од ЕУ и НАТО, имаат клучна улога за меѓуетничката хармонија, стабилност и европската иднина на С Македонија“, напиша Мета на Фејсбук.

До Гаши честитки за изборот упатија и лидери на неколку политички партии.

Oд Косово честитка упати претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца.

„Срдечни честитки г. Африм Гаши, ќе биде големо задоволство да работиме заедно на продлабочување на соработката меѓу нашите земји, вклучително и на нашите парламентарни институции. Со нетрпение очекувам да работиме за унапредување на нашите заеднички интереси, заедно да придонесеме за одржлива регионална стабилност и евроатлантски интеграции. Очекувам односите меѓу нашите институции уште повеќе да се консолидираат. Албанците не се само фактор на демографијата, туку и на демократијата во С Македонија“, напиша Коњуфца меѓу другото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел ја зголемува готовноста: Извештаи за нови…

Западни разузнавачки служби регистрирале нови воени активности…

Иранска воена техника се движи кон Кувајт?!…

Снимки што се споделуваат на социјалните мрежи,…

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во…

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во интервју…

Северна Кореја тестираше ракети од под вода:…

Северна Кореја соопшти дека тестирала два типа…