Koj e тој функционер? – Имав закани од функционер во македонската комисија за историја

t

Во комисијата за историја во даден момент се напушти принципот на консензуално носење на одлука. Зборувам за внатре во македонскиот дел од комисијата за историја. Две од препораките се донесени без моја согласност и тоа личи на мало насилство и тоа беше основната причина зошто се повлеков и тоа беше под влијание на политиката, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа професорот по историја Ванчо Ѓорѓиев кој беше дел од комисијата.

-Имав закана од еден лик, тој е колатерална штета затоа што тој е службеник, висок функционер, го сожалувам во која улога се најде затоа што тој сам по себе не може да биде дел од комисијата, се најде како фенер на последната средба како контрола и тогаш се случи напуштањето на принципот и тоа присуство се знаеше зошто беше, истакна Ѓорѓиев.

Тој посочи дека целодневно присуство на тој функционер било некоректно но се гледало како со ишарет дава сигнали и како под влијание на тоа присуство се кршат принципите.

-Тој човек само спроведуваше одлуки. Никој не демантираше дека тоа лица од еден скопски ресторан заедно со други членови на комисијата се јавуваше кај мене. Тоа беше моментот кога ја напуштив комисијата, рече Ѓорѓиев.

Професорот посочи дека после неговото напуштање на комисијата и соопштението за јавност следел и заканувачкиот разговор.

-Откако излезе моето соопштение во јавност следеше разговорот по телефон каде меѓу другото беше тоа неговото „лично ќе ти се одмаздам за ова“. Тој е подреден и на министерот и на владата, изјави Ѓорѓиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Атанасовски: Се наметна националистичка теза дека целата…

По усогласените препораки на македонско-бугарската Комисија за…

Тивко е на “Ножот”: 45 комити на…

Кај селото Ракле, Прилепско, на планинскиот врв…

БОМБА: Бугарија спрема вето и нова историја…

Бугарија, охрабрена од поддршката што ја добива…

Koj e тој функционер? – Имав закани…

Во комисијата за историја во даден момент…

(Видео) Златно дете: Македонија била една од…

„Македонската империја била една од најголемите империи…