Mеѓународен тим археолози ќе го истражуваат начинот на жиеење на подводниот локалитет врбник

t

Меѓународен тим археолози ќе работат на подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга, во рамките на проектот „Подводни археолошки и интердисциплинарни истражувања на локалитетот Врбник“, финансиран од Министерството за култура.

Македонските подводни археолози, палафитните наоѓалишта и наколните населби во Врбник ќе ги истражуваат заедно со колеги од Австрија, Швајцарија, Франција, Полска и Германија.

Sпоред раководителот на истражувањата, лиценциран подводен археолог Валентина Тодороска, целта е откривање на начинот на живеење во наколните населби во Врбник и нивната старост, преку интердисциплинарен пристап, анализа, дендрохоронологија (испитување на старост на колците) и палеоботаника.

Се работи за интернационален проект со акцент на животот и активностите во наколните населби покрај езерата во Македонија, Албанија и Грција.

– Ова е заеднички проект на универзитетите во Берн, Солун и Оксфорд. Во рамки на проектот досега се реализирани истражувања на локалитетот Деспилио, Костурско Езеро во Грција, Лин во Албанија и Заливот на коските кај Охрид, појасни Тодороска.

Активностите кај локалитетот Врбник ќе ги реализира Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија во соработка со музејот „Доктор Никола Незобински“ од Струга, како дел од проектот EXPLO предводен од Универзитетот во Берн, Швајцарија.

– Во рамки на активностите, предвидени се и отворени денови за пошироката јавност кога ќе бидат претставени дел од резултатите од истражувањето и граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со методологијата и работата на овој тип истражувања. Целта е подигање на јавната свест за културното наследство, неговото значење и промоција, информира Тодороска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итна евакуација на две болници во Киев…

Градската државна на Киев извести дека итно…

Исчезна малолетничка од Петровец, братот се сомнева…

Малолетничка се оддалечила од домот во Петровец,…

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка…

Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби…

Листа на најбогати пејачи во Србија: Некои…

„Информер“ ја објави листата на најбогати пејачи на…

(Видео) Почина бебето кое со царски рез…

Почина девојчето кое се роди со царски рез откако…