Mеџити: ДУИ цело време се фали со инфраструктура, а патот Скопје – Блаце за пет години два километри е направен
Во една влада кај што пола од министрите се Албанци а 80 отсто од економските ресори ги водат Албанци капиталните инвестиции во албанските средини да се на два посто, праша во вестите на Сител Изет Меџити, предводник на незадоволната група која бара промени во ДУИ.
Децентализацијата не е придвижена, ништо не е превземено за официјализирање на албанскиот јазик.Сакаат цело време да се фалат со инфраструктура а патот Скопје -Блаце пет години два километри се направени, Кичево-Струга тапка во место а за Коридорот 8 само ни покажуваат некои снимки но работите никако да се придвижат.Во источна Македонија е поинаку, кон бугарската граница се вози 120 на час, беше пуштен и експресниот пат Штип-Валандово-објасни Меџити.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…
Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…
Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…
Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…
Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…
Проектот за уредување на коритото на реката…
Затвор за разговор со странски новинари: Иран…
Иран го заострува притисокот врз медиумите со…