Mилчин со жecток одговор за сопapтиецот: Македонците кога ќе влезат во бугарскиот Устав?

t

Театарскиот режисер Владимир Милчин, поранешен извршен директор на Институт „Отворено општество – Македонија“,

му реплицира на новиот член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров, кому „не му се гледало како страшно“ Бугарите да влезат во македонскиот устав.

Да потсетиме, новиот член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „24 анализа“ во врска со спорот со Бугарија рече дека „не можеме да ги бришеме историските факти и да замижуваме пред вистината“.

– Една супериорна Германија не бараше да се ревидира историјата. Јас сум против ревидирање на ноторни историски факти, неспорен е македонскиот јазик.

Околу другите работи не ми се гледа страшно Бугарите да влезат во уставот на Македонија. Ако тоа некој го наумил, тоа само покажува дека сме различни народи.

Треба таа работа да се остави на дипломатите. Не ни треба ЕУ по секоја цена. – рече Петров.

Во однос на мотивите за вклучување во раководството на СДСМ, Петров посочи дека неговата цел е да му помогне на раководството да ги оствари зацртаните цели.

„Немам амбиција за било каква функција, целта на моето вклучување е да му помогнам на претседателот Ковачевски, да ги реализира неговите цели кои јавно ги соопшти а тоа е расчистување со корупцијата, расчистување со клиентелизмот, стабилизирање на важни процеси, затоа што верувам дека неговите заложби се искрени“ порача Петров.

Во продолжение реакцијата на Милчин:

„А Бугарија да ги запише Македонците во својот устав? И да не ја премолчува културната автономија во Пиринска Македонија 1946-48, укината по Резолуцијата на ИБ.

Не сме сите во Македонија заразени од амнезија!“, реагира Милчин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…