Mитрески во Собрание пресметуваше дека со минималната плата може да се јаде само ѓеврек и јогурт, Ристески-Пеката му дофрли: „а бурек и маслинки?”
За Предлогот за измена на Законот за минимална плата, поднесен од пратениците на Социјалдемократски сојуз на Македонија и Левица, со кој се предлага минималната месечна плата да изнесува најмалку 600 евра, денеска се расправаше во Комисијата за економски прашања.
Во текот на расправата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не се јавија за збор. Додека траеше дискусијата, од нивните редови имаше дофрлувања.
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, преку конкретен пример ја илустрираше состојбата со трошоците за живот.
„Едно четиричлено семејство секој ден да јаде три оброка само ѓеврек и јогурт, со оваа минимална плата на крајот на месецот ќе му фалат 400 денари“, посочи Митрески.
Додека тој ги образложуваше пресметките, од место реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.
„И бурек спомни, не само ѓеврек. А маслинки?“, дофрли Ристески со смеа од место, по што ја напушти салата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…