Mицотакис предупредува: Турската реторика да не се претвори во поголема тензија
Се надевам и посакувам и отворено ја охрабрувам Турција оваа реторика да не се претвори во поголема тензија на теренот, Грција има покажано дека е подготвена да го брани својот суверенитет и своите суверени права, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество конференција во Атина.
Мицотакис објасни дека последните случувања во грчко – турските односи е непријатна разврска со оглед на тоа дека по средбата со претседателот на Турција во март имал впечаток дека била постигната рамка на согласност да не постојат дејствија кои директно ќе ја провоцираат другата страна.
Тој додаде дека Турција не ја почитувала оваа обврска, а конкретната турска реторика за демилитаризација на грчките острови во Егејското море, како и нарушувањата на грчкиот воздушен простор, според Мицотакис, не води никаде.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дата-центрите се новата нафта, вели Мицкоски
Како инженер и како човек сметам дека…
Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…
Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Објектот…
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…
Клековски: Се работи на решавање на дефектот…
Министерот за здравство Сашо Клековски во објава…
Новата учебна година со 300 паралелки помалку…
Македонските училишта во новата учебна година ќе…