Mу се заканувал на премиерот: Постапка за загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на РСМ

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Претседателот на Владата на РСМ.

Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Притоа, согласно обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mу се заканувал на премиерот: Постапка за…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово…

Трамп: Кина нè шпионира, ама ја шпионираме…

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави…

(Видео) Рамадан Шерифи, кој го постигна првиот…

Фудбалската јавност во Македонија е во шок…

Пловидбата низ Ормуската Теснина намалена на помалку…

Бројот товарни бродови што минатиот викенд поминале…

Трамп: САД би можеле да останат во…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера навести дека…