Има се може се: Maкедонија една од земјите на НАТО кои одвојуваат најголем дел од БДП за одбрана

t

Со 1,85 отсто од бруто-домашниот производ наменети за одбраната, Македонија е на 12-то место на листата земји членки на НАТО, пред Бугарија, Холандија, Норвешка, Унгарија, Италија, Германија, Канада, Турција…

Со буџет за одбраната од 274 милиони евра, односно 1,85 отсто од Бруто-домашниот производ (БДП), Македонија се најде во горниот дел на листата на членките на НАТО. Владата најави дека во 2024 година ќе се реализира преземената обврска издвојувањето за одбраната да достигне 2 проценти од БДП, колку што изнесува и целта на НАТО, утврдена уште во 2014 година.

Податоците од Алијансата покажуваат дека досега целта – 2 проценти од БДП – за одбраната ја постигнале или ја надминале девет земји членки, а 19, вклучувајќи ја и Македонија, планираат тој процент да го достигнат до 2024 година.

На врвот на листата е Грција, која годинава за одбраната издвоила 3,76 од БДП, а зад неа се САД со 3,47 проценти, следува Полска со 2,42 отсто, а непосредно пред нас е Франција со 1,9 проценти од БДП. Македонија е на 12-то место, а зад нас се Бугарија, Холандија, Норвешка, Унгарија, Италија, Германија, Канада, Турција… на дното на листата е Луксембург со издвоени само 0,58 отсто од БДП.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на прес-конференција информираше дека со предложениот буџет за 2023 година од делот за одбраната високи 33 отсто се издвоени за опрема и модернизација, што е за 6 отсто повеќе од лани. Тука спаѓаат набавките на лесни оклопни возила, системот за противвоздушна одбрана, набавка на информатичка опрема, опрема за сајбер одбрана и други средства, а главен фокус е опремувањето и подобрувањето на условите за работа на Лесната пешадиска баталјонска група, односно македонската НАТО-единица.

Предвидени се и 16 милиони евра за инфраструктура во Министерството за одбрана и Армијата, а тоа е 10 милиони повеќе од лани.

Ако се споредува со другите членки на Алијансата, Македонија според средствата издвоени за опрема е на петто место, а листата ја предводи Луксембург со високи 52,4 отсто од буџетот за одбрана. Следуваат Унгарија, Грција и Норвешка, а на дното на листата е Словенија, која годинава за купување опрема издвоила 17,9 отсто од буџетот за одбрана.

Според издвојувањата за кадар, Македонија е на средината на листата членки на НАТО со издвоени околу 40 проценти, за оваа намена најмногу издвојуваат Португалија и Унгарија, а најмалку Луксембург.

Нареднава година е планирано учество во повеќе мисии на НАТО, на ОН и на ЕУ со вкупно 226 припадници на Армијата – 111 повеќе од 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…

Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…

САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…

Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…

КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…

Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…

ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…

Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…

НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…